Поставена заштитна ограда на мостот на патот Кадино-Миладиновци во Општина Илинден

На територија на Општина Илинден односно на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци извршено е поставување на заштитна ограда од двете страни, со вкупна должина од 50 метри. Како што информираат од локалната самоуправа, дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот.

Увид на градежните активности изврши градоначлникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека обезбедувањето на заштита на критичните точки на територија на општината, е еден од важните приоритети во работењето на локалната самоуправа, затоа и во наредниот период фокусот ќе биде на решавањето на останатите критични точки, со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Општина Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот