Посна закуска: Ќофтиња од лосос

Бургер лосос
Фото: Pexels

Православните христијани го започнаа божиќниот пост, кој ќе трае 40 дена – од 28 ноември до 6 јануари. Овој пост дозволува користење вино, масло за јадење и риба, па може да се каже дека не е толку строг како оној пред Велигден.

Доколку постите, ние ви пренесуваме интересен рецепт за ќофтиња од лосос, кои се одличен извор на протеини и добри масти.

Лосос / Фото: Pexels/Valeria Boltneva

Потребни состојки:

  • 450-500 гр свеж лосос (без коски)
  • 1 мал кромид
  • 1 чешне лук
  • лажичка сенф (околу 10 гр)
  • 3-4 лажици лебни трошки или мелени бадеми (околу 30 гр)
  • 1 лажичка сол и бибер
  • масло за јадење

Подготовка:

Исечете го лососот на крупни коцки и ставете го во блендер. Потоа, додадете ситно сечкано чешне лук и крупно исечкан кромид. На крај, додадете го сенфот, солта, биберот и лебните трошки, односно мелените бадеми (по избор).

Измешајте убаво, сѐ додека не добиете еднолична смеса. Потоа, обликувајте ќофтиња од смесата и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Оставете ги во фрижидер околу половина час да се стегнат малку, но доколку ви се брза, можете да го прескокнете овој чекор.

Пржете ги во загреана сува тава на средно висока температура околу 4-5 минути по страна. Лососот е мрсна риба, па ќе ги ослободи своите маснотии при пржењето. Но, доколку сметате дека треба – додадете неколку капки масло за готвење пред пржењето.

Послужете ги ќофтињата со свежа салата, а можете да направите и вкусни сендвичи со нив. Изборот е ваш.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот