Последното предупредување пред падот на хеликоптерот на Коби: „Сѐ уште сте прениско за летање по ова време“ (ВИДЕО)

epaselect epa08168316 Debris from a Sikorsky S-76 helicopter belonging to former Los Angeles Lakers Kobe Bryant lays in the hills after crashing in Calabasas, California, USA, 26 January 2020. Kobe Bryant retired from the NBA in 2016. According to media reports former US basketball player Kobe Bryant has died in a helicopter crash in Calabasas, California, USA on 26 January 2020. He was 41. EPA-EFE/ADAM S DAVIS

Аудио-снимката открива дека пилотот на хеликоптерот на Брајант бил предупреден дека лета прениско.

Во јавноста се појави снимка која ја откриваат комуникацијата меѓу контролата за лет и пилотот на хеликоптерот во кој загина легендарниот Коби Брајант и уште осум луѓе.

Аудио-снимката открива дека пилотот на хеликоптерот на Брајант бил предупреден дека лета прениско.

– Се уште сте прениско за летање по ова време – кажано му е на пилотот.

Во околината на Лос Анџелес, кадешто се случи несреќата, имало многу магла и поголемиот дел од хеликоптерите биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот „Бурбенк“, но кружел околу 15 минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и други летата кои требало да слетаат на аеродромот.

Малку пред несреќата пилотот го подигнал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се срушил на висина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била речиси 300 километри на час.

Извор на „Њујорк пост“ рече дека хеликоптерот имал два мотори и дека не би се срушил да останал без еден од нив.

– Ваквите несреќи се случуваат бидејќи пилотот го губи чувството во простор. Со оглед на остатоците на местото на несреќата, изгледа дека во планината удриле со предниот дел на хеликоптерот – констатира неименуваниот извор.

Додаде дека хеликоптерот на Коби бил стар 20 години, а станува збор за хеликоптер „Сикорски С-76“.

Со нив, додава, најчесто управуваат два пилоти, но во неделата со хеликоптерот на Коби управувал само еден човек.

– Веројатно летал потпирајќи се на она што го гледа, а не на инструментите кои ја надгледуваат висината на летање – додава изворот.

Хеликоптерот се сруши во неделата, во околу 10 часот по локално време над брдестиот терен во Калабасас во Калифорнија, околу 65 километри северозападно од Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот