Владимир Блажев – Панчо - Фото: Инстаграм

Последно збогување: Владимир Блажев – Панчо ќе биде погребан утре

Македонската јавност утре ќе се прости од музичарот Владимир Блажев – Панчо, кој почина вчера на 46-годишна возраст, по долга и тешка борба со последиците од трагичната несреќа во Кочани.

Семејството објави дека погребот ќе се одржи утре, 16 октомври.

„Последен поздрав!

На ден 16.10.2025 година, неговите ближни, роднини и пријатели, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо.

Телото ќе биде изложено во црквата ‘Св. Илија’ во Аеродром.

Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена Литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот од 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.

Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13.30 часот“, напиша неговата сопруга Маја на социјалните мрежи.

Сопругата на Панчо се прости со потресна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот