После 137 години симболот на Барселона, Саграда Фамилија, доби градежна дозвола

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Симболот на Барселона, базиликата Саграда Фамилија,  која е проектирана од каталонскиот архитект Антони Гауди,после цели 137 години доби дозвола за градење.

Спектакулраната, но недовршена црква, која во 2005 година беше ставена на листата на УНЕСКО како светско наследство, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе.

Изградбата почнала во 1882 година, а во 1926 година, кога починал Гауди, не била завршена ни четвртина.

Шпанските власти во 2016 година сфатиле дека за оваа базилика никогаш не била добиена планска дозвола, што значи дека без градежна дозвола дејствувала повеќе од еден век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот