Посетата на Чулев во СВР-Штип со посебен акцент на организирањето фер, мирни, демократски избори

Фото: МИА

Како што изјави министерот Чулев по средбата, посебен акцент бил ставен на организирање фер, мирни, демократски и слободни избори на подрачјето на СВР-Штип.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари посета и средба со раководството на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип, на која се разговарало за актуелната безбедносната состојба, ефикасноста во справувањето со организираниот криминал, како и за тековните проблеми, но и нивните побарувања.

Како што изјави министерот Чулев по средбата, посебен акцент бил ставен на организирање фер, мирни, демократски и слободни избори на подрачјето на СВР-Штип. Било потенцирано дека најстрого ќе се санционира секој обид на нарушување на гласачкото право на граѓаните и на секоја изборна регуларност. Истовремено, им биле понудени обуки на сите млади полицајци кои немаат претходно поминато обука за одржување на избори.

Раководството на СВР-Штип го информирале министерот Чулев дека имаат недостаток од полициски службеници на територијата на градот Штип.

Тој потенцира дека на средбата со раководството на СВР-Штип во фокусот на разговорите бил и случајот за над 20 – те опожарени возила во Штип во текот на минатата година. Токму за овој случај, Чулев ги охрабрил своите колеги да реализираат интензивни активности во делот на превенцијата и откривање на сторителите.

– Како што бев информиран во изминатата година се работи за 27 случаи на опожарени возила, од кои за 12 веќе има утврдено дека се резулат на намерно палење, дел се самозапалени, а за дел се уште се врши криминално вештачење, од страна на криминалистичка техника во Скопје. Досега е откриен само еден сторител на случај на опожарено возило, во однос на мотивите, како што бев информиран од колегите, се работи за чисто криминални мотиви, за пресметки меѓу две криминални групи, што се инволвирани во организирана трговија со наркотици, вели Чулев.

Прашан до каде е истрагата за случајот „Јавна соба”, Чулев со одговор дека интензивно се работи со Основното јавно обвинителство.

– Направен е разговор со организаторот на групата и со еден од администраторите. Остана уште еден администратор по кој интензивно се трага. Значи деновиве се очекува да се покренат и конретни кривични пријави, согласно кривичниот законик, изјави Чулев.

На новинарско прашање, кој е неговиот коментар за дополнителната министерка за нејзините фотографии по партиските штабови, Чулев одговори дека до него во изминатиот период се пристигнати повеќе фотографии на раководители на дел од тимот на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, што се направени на конкретни партиски активности и во партиски простории.

– Истите ќе бидат проследени во одделот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди и после исходот, јавноста ќе биде благовремено запознаета – вели Чулев.

Прашан за поранешниот началник на СВР-Штип, осомничен за учество во шверц на мигранти, а сега е прераспределен на друго работно место, Чулев информира дека се работи на тој случај и додека нема судска разрешница не може да се преземат активности и мерки.

Министерот Чулев посочи дека командирот на Полициската станица Гази Баба е суспендиран од работа, врз основа на пријава од Основно јавно обвинителство, заради, како што рече, сексуално вознимирување на колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот