Португалците веруваат во триумф над Македонија

Кристијано Роналдо и колегите од репрезентацијата денеска играат против Македонија во бараж натпреварот за пласман на СП/ фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Португалските фанови се убедени дека нивните фудбалери ќе ја совладаат Македонија во утрешниот бараж натпревар и ќе обезбедат пласман на Светското првенство во Катар.

Весникот „А Бола“ објави анкета во која ги праша своите читатели дали Португалија ќе ја победи Македонија и ќе игра на Мундијалот во Катар.

Дури 85.9 отсто гласачите сметаат дека Португалија ќе победи и ќе обезбеди пласман на СП во Катар, додека 14.1 отсто веруваат во триумф на Македонија.

Да се надеваме дека утревечер избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе успеат да приредат ново изненадување како тоа што беше минатиот четврток кога ги победија „аѕурите“во Палермо и ќе ги расплачат и Португалците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот