Портпаролката на НАТО го осуди терористичкиот напад во Москва

НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Портпаролката на НАТО, Фарах Далала денеска го осуди терористичкиот напад во Москва во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

„Јасно го осудуваме нападот врз посетителите на концертот во Москва. Ништо не може да ги оправда такви грозоморни злосторства. Го изразувам нашето длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства“, наведе Далала на Икс.

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица

Оттаму тврдат дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.

Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот