Порошенко тврди дека досега во украинската контраофанзива биле активирани само 30 отсто од трупите

Петро Порошенко
Петро Порошенко / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од бригадите“ резервирани за контраофанзива.

Тој додаде дека го загрижува недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противввоздушна одбрана.

-Сепак, и покрај сето ова, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, правиме чудо и ја запревме втората најголема нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа, изјави Порошенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот