Петро Порошенко
Петро Порошенко / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Порошенко: Путин сака да го уништи целиот Запад, тој секогаш оди понатаму

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја запре инвазијата на Украина доколку Западот не се вклучи. Во изјава за Sky News, тој рече дека Путин сега го бара Крим и регионот Донбас во Украина, но утре ќе ја  бара Шкотска во Велика Британија или Алјаска во САД.

„Тој сака да ја уништи не само Украина, туку и целиот Запад, вклучувајќи ги Велика Британија и САД“, рече Порошенко, додавајќи дека рускиот претседател „секогаш оди понатаму“ и нагласи: „Не правете компромиси со Путин“.

Порошенко го смета воздушниот напад врз Лавов минатиот викенд, недалеку од полската граница, за „симболичен“ и покажа дека Путин е подготвен да ја однесе војната на следното ниво.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: Зеленски бара повеќе помош од Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот