Породување за Гинис: Мајка родила бебе за само 27 секунди!
Софи Баг (29) би можела да влезе во Гинисовата книга на рекорди поради брзината на породувањето – бебето го родила за само 27 секунди!
Препорачано
Како што пренесува британски „Сан“, Софи била дома кога почувствувала контракции, но сметала дека тоа е нормално бидејќи ѝ се приближувал терминот за породување. Меѓутоа, контракциите не престанувале и Софи тогаш сфатила дека нејзиното девојче ќе го запознае светот побрзо отколку што очекувала мајката.
Бидејќи немало време да стаса до болницата, таа морала да се породи дома, но признава дека не можела ни да сонува дека породувањето ќе биде толку лесно, брзо и едноставно.
– Воденикот не ми пукна, не почувствував никакви болки во стомакот. Јас и сопругот повикавме брза помош, а тие ми рекоа дека ќе морам да се породам дома. Легнав на подот и само еден посилен стисок беше доволен за мојата Мили да дојде на свет – рекла новопечената мајка.
Но, ова не е првпат Софи да се породи за еден миг. Првата ќерка ја родила по само 12 минути, а втората по 26 минути.
– Во еден момент ѝ пишував порака на пријателката, а во другиот момент веќе ја држев мојата трета ќерка во рацете. Буквално само едно стискање беше доволно. Ова мора да биде рекорд, беше толку брзо и неочекувано – рекла Софи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


