Пораз на Ѓоковиќ, првото место под знак прашање! (ВИДЕО)

twitter.com/standardsport

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас приреди изненадување и го совлада најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со 2:1 по сетови 3:6, 7:5 и 6:3 во четвртфиналето на турнирот во Шангај.

Во третиот сет доминираше Гркот, неговиот ривал немаше решение за расположениот Циципас кој направи „брејк“ за 3:1 – од 0:40 популарниот Ноле на неверојатен начин спаси две „брејк“ топки, но на третата после погоден прв сервис испрати „форхенд“ во аут.

Во преостанатите три гема на свој сервис Циципас збирно загуби четири поени и дојде до втората победа во третиот меѓусебен меч со Ѓоковиќ.

Со оглед на тоа што го бранеше трофејот во Кина, наредниот понеделник Ѓоковиќ ќе има само 320 бодови повеќе од Рафаел Надал, кој до крајот на сезоната не брани ништо, додека српскиот тенисер има 1.600 бодови од Париз и Лондон.

Во борбата за пласман во финалето Циципас ќе се сретне со Данил Медведев кој претходно го елиминираше Фабио Фоњини. Втората полуфинална двојка ќе биде комплетира со одигрувањето на останатите две четвртфинални средби: А. Зверев – Р. Федерер и М. Беретини – Д. Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот