ПОЕН НА МЕЧОТ: Еве зошто Ѓоковиќ е светски број еден! (ВИДЕО)

twitter.com/atptour

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на секој меч покажува зошто моментно доминира во овој спорт.

Во дуелот против Циципас во рамките од турнирит во кинескиот Шангај имаше поен кој измами голем број на аплаузи од трибините.

Во четвртфиналниот дуел првиот сет го освои српскиот тенисер со 6:3 за вкупно 32 минути игра.

Грчкиот претставник за скоро еден час игра беше подобар во вториот сет со 7:5 за израмнување на 1:1.

Во полуфиналето подобриот од оваа пресметка ќе игра против Русинот Медведев кој претходно со 6:4 и 7:6 (4) го совлада Италијанецот Фоњини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот