Поранешниот полицаец осуден за убиство на Џорџ Флојд избоден во затвор

приведување на Џорџ Флојд фото принтскрин Јутјуб

Поранешниот полицаец од Минеаполис, осуден за убиството на Џорџ Флојд, беше избоден со нож во затвор во Аризона, убиство што пред три години предизвика масовни протести низ Соединетите држави.

Затвореникот Дерек Шовин бил нападнат во петокот во Федералната поправна установа во Тусон но според медицинските извештаи се наоѓа во стабилна состојба, објави Си-Ен-Ен.

„Во затворот Тусон во Аризона околу 12:30 часот по локално време беше нападнат затвореник“, соопшти полицијата, која подоцна потврди дека се работи за Шовин.

Во соопштението се наведува дека повредениот бил пренесен во болница, а меѓу полицајците кои интервенирале нема повредени.

Јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон, чија канцеларија го гонеше Шовин во случајот со убиството на Џорџ Флојд, беше информиран дека Шовин бил избоден со нож и дека е во стабилна состојба.

„Тажен сум кога слушнав дека Дерек Шовин бил цел на насилство. „Тој е уредно осуден за своите злосторства и, како и секој затвореник, треба да може да ја одлежи казната без страв од одмазда или насилство“, рече Елисон.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 25 мај 2020 година, Шовин го уби афроамериканецот Џорџ Флојд. Тој го убил при приведувањето клекнувајќи му на вратот гушејќи го речиси десет минути.

Снимката од бруталното убиство предизвика протести против полициската бруталност и расната неправда низ САД. Тој беше осуден на неколку децении затвор под обвинение за убиство и убиство од небрежност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот