Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана, Рустем Умеров, моментално е отсутен од земјата, а сè повеќе се шпекулира дека е вмешан и во корупцискиот скандал што го „засега“ и Володимир Зеленски, пренесува Киев пост.

Умеров требаше да се врати во неделата, на 16 ноември, но наводно тој го продолжил своето службено патување до среда, 19 ноември.

Ова денес го откри пратеникот Алексеј Гончаренко во објава на Телеграм. „Рустем, чекаме“, напиша тој карактеристично.

Во исто време, „Clash Report“ објави дека Умеров одбил да се врати во Украина поради скандалот со корупција. За оваа одлука бил информиран и претседателот Володимир Зеленски, продолжува „Clash Report“ .

Советот за национална безбедност официјално го негираше релевантниот извештај.

И Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) навестија неодамна дека следниот бран истраги може да го погоди одбранбениот сектор, при што Умеров беше предмет на друга истрага на НАБУ на почетокот на 2025 година.

Западните земји треба да ја оценуваат Украина не според тоа дали постои или не корупција, туку според храброста и способноста да се борат против неа – дури и среде војна.

Сепак, Центарот за борба против дезинформациите (ЦЦД) на Украина ги отфрли најновите тврдења, нарекувајќи ги намерен обид за дестабилизација на јавната доверба.

Во официјално соопштение, ЦЦД рече дека обвинувањата што циркулираат на интернет не одговараат на реалноста.

Од ЦЦД соопштија дека Умеров е на планирано официјално патување во САД, а не во Турција, од понеделникот, за серија консултации на високо ниво со цел зајакнување на меѓународната поддршка за Украина, додавајќи дека Умеров е во постојан контакт со раководството на Украина и продолжува да ги надгледува клучните прашања од безбедноста, одбраната и хуманитарната политика.

Минатата недела, Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) на Украина, по месеци мониторинг, откри скандал со корупција од 100 милиони долари во енергетскиот сектор на земјата.

Досега се обвинети седум лица, вклучувајќи го и бизнисменот Тимур Миндич, кој се смета за водач на групата. Мидич е близок пријател на Зеленски.

Зеленски: Секој што е вклучен во корупција ќе одговара, властите го тресат енергетскиот сектор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот