Поранешен директор на ЦИА за Еуроњуз: Хамас мора да биде уништен, тој не преговара

Припадници на Хамас/ Фото: Слободен печат/ Архива

Поранешниот директор на ЦИА, пензионираниот генерал Дејвид Петреус, во интервју за Еуроњуз Албанија зборуваше за израелско-палестинската војна која започна на 7 октомври, во која загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.

Оценил дека Хамас мора да биде уништен, додавајќи дека Израел мора да излезе со план по војната.

Според него Хамас е „група која не е во состојба да преговара или да се договори“.

„Се согласувам со раководството на Израел дека Хамас мора да биде уништен. Ова е екстремистичка група, тие не се способни да преговараат или да се договорат. Тие мора да бидат уништени. Целта на Израел е вакво нешто. Сепак, мислам дека би било добро Израел да објави постконфликтен план за преземање на управувањето со Газа. Оваа војна одзеде животи на невини луѓе“, изјавил тој за Еуроњуз Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот