Поранешен австралиски војник обвинет за убиство на цивили во Авганистан

Војници Авганистан/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Австралиските власти денеска соопштија дека уапсиле поранешен војник за наводни убиства на авганистански цивили. Поранешниот војник е обвинет за ваквите злосторства додека бил во Авганистан како дел од воена операција, во која учествувале и австралиски воени сили.

Австралиската федерална полиција очекува 41-годишниот маж да биде обвинет пред австралискиот суд за едно од точките за воени злосторства, кое ќе носи доживотна казна затвор. Ова е првпат активен или поранешен припадник на австралиските одбранбени сили да се соочи со такви обвиненија, пишува „Ројтерс“.

Четиригодишната истрага откри дека австралиските специјални сили наводно убиле 39 невооружени затвореници и цивили во Авганистан, а високи командоси наводно ги принудувале помладите војници да убиваат беспомошни затвореници за да ги подготват за борба.

По препораките на извештајот, случаите на 19 сегашни и поранешни припадници на австралиската војска се упатени на специјален истражител за да се утврди дали има доволно докази за кривично гонење. Повеќе од 39.000 австралиски војници служеа во Авганистан, а 41 загинаа.

Австралија беше дел од меѓународните сили предводени од НАТО кои ги обучуваа авганистанските безбедносни сили и се бореа против талибанците две децении, откако силите поддржани од Западот ги соборија исламистичките милитанти во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот