Поранешен американски голгетер тврди: Роналдо повеќе ѝ штети на Португалија, без него репрезентацијата е подобра
Кристијано Роналдо се подготвува за својот последен настап на едно Светско првенство, но пред почетокот дел од јавноста ја доведува во прашање неговата сегашна улога во составот на Португалија. но неговата улога во репрезентацијата на Португалија повторно е под знак прашалник.
Препорачано
Додека напаѓачот на Ал Наср се обидува да го освои единствениот трофеј што му недостига во богатата кариера, поранешниот американски репрезентативец Тејлор Твелман смета дека неговото присуство повеќе ѝ штети отколку што ѝ помага на селекцијата полна со врвни фудбалери.
“This is the best team Ronaldo’s ever had around him for Portugal going to the World Cup. I think Portugal is at their best if he doesn’t play.” 👀@TaylorTwellman provides an injury update on Lionel Messi and a bold claim on Cristiano Ronaldo and Portugal ⚽️ pic.twitter.com/8yWzoOi4ZD
— Get Up (@GetUpESPN) May 27, 2026
Иако е најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, Твелман верува дека Португалија е посилна кога капитенот не е на теренот. Говорејќи во емисија на спортска телевизија, Твелман изјави дека ова е најквалитетниот состав што Роналдо некогаш го имал во португалската репрезентација на едно Светско првенство.
„Мислам дека Португалија е подобра кога тој не игра“, порача поранешниот напаѓач.
Аргументите за таков став се темелат на големиот избор на квалитетни играчи што моментно ги има селекторот Мартинез. За разлика од претходните турнири, кога речиси целиот товар во нападот беше врз Роналдо, сега тука се Бруно Фернандеш, Бернардо Силва и Рафаел Леао.
Дополнителен квалитет во нападот носат и Гонсало Рамош и Педро Нето, па многумина сметаат дека португалската офанзива може успешно да функционира и без 41-годишниот лидер.
Мартинез го објави списокот, Роналдо ќе ја предводи Португалија на уште еден Мундијал


