Поради паста за заби ќе го пропушти саботниот меч во Бундеслигата

фото: твитер

– Не се однесував примерно во оваа ситуација, ниту кон играчите, ниту кон јавноста – вели стратегот на Аугсбург кој ќе почека на своето деби.

Тренерот на Аугсбург, Хајко Херлих, ќе го пропушти саботниот натпревар (16 мај) против Волфсбург (15,30 ч.) во 26 коло од Бундеслигата, бидејќи ги прекрши правилата за изолација во која се наоѓа неговиот клуб.

Германскиот тренер го напушти хотелот на кратко време за да си купи паста за заби и со тоа го прекрши хигиенскиот концепт кој го направи Бундеслигата за да може сезоната да заврши.

Погрешив што излегов од хотелот. Иако ги следев сите мерки за хигиена и кога си заминав од хотелот и при враќање. Не се однесував примерно во оваа ситуација, ниту кон играчите, ниту кон јавноста. Затоа ја признавам грешката. Поради овој случај, нема да го водам тренингот в петок, ниту мојот клуб на мечот в сабота – рече Херлих.

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен ќе има ново тестирање следните неколку дена, а доколку неговите два теста на коронавирусот бидат негативни, тој ќе се врати на работа и на клупата.

За време на паузата поради пандемијата, Херлих беше назначен за нов тренер на Аугсбург како наследник на Мартин Шмит, а саботниот натпревар требаше да биде негово деби на клупата на новиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот