Поради отказ се заканувал дека ќе ги „дигне“ во водух автобусите и вработените во туристичка агенција

Жител на ресенското село Горно Крушје добил отказ од туристичка агенција и испраќал заканувачки пораки дека во комбињата и автобусите на агенцијата има поставено бомби, информира МВР.

Според информациите од МВР, на 28 јуни околу 16 часот тој креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ од кој, на официјален „Фејсбук“ профил на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма во Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставени бомби кои ќе се активираат кога ќе пристигнат пред фабриката, заедно со вработените во агенцијата.

-После неколку минути, истата порака ја поставил на „Фејсбук“ профилот на агенцијата. Слични пораки со заканувачка содржина, од лажно креирани профили, пријавениот повеќе пати им испраќал и на одговорни лица во фирмата каде претходно работел, наведува МВР.

Против четириесет и петгодишниот заканувач е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот