Поради новите ковид правила, ракометарите на Вардар останаа во Португалија!

Фото: rkvardar.mk

Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ Лигата на шампионите. Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

Потсетување дека вчера играчите на Стевче Алушовски играа натпревар во рамките ЛШ во кој загубија од составот на Порто.

„Црвено-црните“ денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите ковид правила кои се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и доколку се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.

Екипата ги имаше сите подребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и ПСР тестови со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт.

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот