Попович тренер со намногу победи во НБА (ВИДЕО)

EPA/LARRY W. SMITH

Сан Антонио спарс поведе со 1:0 во победи во плејоф серијата против Денвер нагетс откако славеше со 101:96 и тоа како гостин. Ова беше 1.413 победа во кариерата за Попович со што стана тренер со највеќе победи во историјата на НБА. Тој го претекна Лени Вилкинс кој има 1.412 победи, а на третото место се наоѓа Дон Нелсон со 1.410 победи.

– Не му дозволивме на Јокиќ да игра како што тој сакаше, исто како што и тие го запреа Олдриџ. Што се однесува до тоа дека сум тренер со највеќе победи во НБА, тоа се само бројки, но и доказ дека полека треба да размислувам за пензија – се пошегува Попович.

Голден стејт на крилјата на Стеф Кари и неговите 38 поени со победа од 121:104  ја започна плејоф пресметката со ЛА Клиперс.


Во Источната конференција, победија гостинските екипи, Бруклин со 111:102 ја изненади Филаделфија.
Орландо меџик благодарение на тројката на Д.Џ. Аугустин на три секунди до крајот дојде до голем триумф од 104:101 над Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот