ПОНИЖУВАЧКИ: Откриен прекарот кој кралската фамилија го користела за Меган

Profimedia

Кога се уште била нова во кралската фамилија, Меган Маркл открила дека нејзината мајка ја викала „цветче“. Меѓутоа кралската фамилија немала баш убав прекар за војвотката од Сасекс.

Познато е дека членовите на кралската фамилија си имаат дадено невообичаени прекари – така, на пример, принцезата Дијана го викала принцот Вилијам вомбат и големиот Вили, а принцот Џорџ, наводно, го носи прекарот Арчи. Кралицата Елизабета отсекогаш го носела прекарот „Лилибет“, а за Меган оваа фамилија сочувала еден навредлив прекар.

Кога се уште била нова во кралската фамилија, Меган Маркл открила дека нејзината мајка ја викала „цветче“. Меѓутоа кралската фамилија немала баш убав прекар за војвотката од Сасекс.

Наводно, како што тврди новинарката Софија Мани-Кутс, „еден од постарите членови на кралската фамилија ја нарекува Меган „жена-диплома“. Со тоа, објаснува новинарката, алудира дека таа ќе трае три години, колку што трае процесот за школување за „бечлор“ дипломата.

Меган, инаку, овие денови е сама во Канада, каде е снимена на аеродромот. Меган делува многу среќно, и покрај тоа што канадската јавност се противи да им пружи гостопримство на неа и Хари, за да не го прекршат протоколот помеѓу Англија и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот