Поништена е пресудата за Кежаровски

Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“. Предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше повторно ќе почне од почеток.

Вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.

Меѓу осудените беше и новинарот Томислав Кежаровски кој првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци која потоа му беше намалена на 2 години затвор.

Тој беше осуден дека во новинарски текст објавил идентитет на заштитен сведок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот