Помпео: Путин немаше да ја нападне Украина доколку Трамп беше претседател

Мајкл Помпео EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

 Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео утринава во интервју за Би-Би-Си изјави дека Путин немаше да ја нападне Украина доколку Доналд Трамп се уште беше претседател, пишува Гардијан.

-Ние знаеме како да ги одвратиме нашите противници. Искрено, администрацијата на Трамп го стори тоа. За време на нашиот мандат, Путин не ја нападна Европа или Украина. Да, тоа е неиспровоциран напад врз Европа. Путин е единствениот одговорен за тоа. Но, овие работи не се случуваат во вакуум, рече Помпео.

“Непријателите одлучуваат кога да нападнат. Владимир Путин секогаш сакал поголема Русија. Ќе замине и во својот гроб сакајќи поголема Русија. Еве неколку факти, во 2014 година, за време на Обама, Путин зеде петтина од Украина. Потоа четири години тој не зеде ни педа; се бореше покрај Донбас, но не почна инвазија“, додаде тој.

-Кога заминавме, тој повторно тргна во акција. Тоа е несомнено, тоа се фактите. Може да се расправате дали е случајно, но Путин не се промени во тој период. Неговите намери беа исти. Она што се промени е неговата перцепција за ризикот и тоа се менува во зависност од претседателот, заклучи Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот