Помагаат за депресија и анксиозност: Звуците од природата нѐ прават посмирени

Фото: Pexels/PNW Production

Уште пред сто години, научниците заклучиле дека звуците од природата и зеленилото се тесно поврзани со опуштањето на човекот.

Едно неодамнешно истражување, објавено во медицинското списание „Саентифик рипортс“, уште еднаш покажа дека шумолењето на дрвјата, жуборењето на водата и црцорењето на птиците се звуци кои нѐ прават посмирени.

Со цел да ја испитаат врската помеѓу мозокот, телото и звуците околу нас, научниците тестирале 17 возрасни лица со магнетна резонанца додека слушале звуци од природата за време на испитувањето. Биле следени и отчукувањата на срцето и промените во состојбата на нервите, вклучувајќи ги и неволните функции, како што се дишењето, метаболизмот и варењето.

Фото: Pexels/Jeremy Bishop

Резултатите покажале дека активноста на мозокот варира во зависност од звуците околу нас. Биле откриени и разлики во отчукувањата на срцето, иако мали, што укажува на смирување на невролошкиот систем во нашето тело.

Луѓето се поврзани со нивната природна средина. Природата ни помага визуелно, но и со своите звуци, да се опуштиме, да ги намалиме чувствата на анксиозност, стрес, депресија и меланхолија.

Фото: Pexels/Vanessa Garcia

Науката докажа дека смирувачките звуци на природата помагаат во намалување на крвниот притисок, како и нивото на кортизолот, кој е познат како „хормон на стрес“.

И визуелните аспекти на природата можат да имаат смирувачки ефект врз нашето тело, особено ако се фокусираме на зеленилото. Тоа е еден начин да се фокусирате на релаксација и да ги пренасочите негативните мисли. Фокусирањето на нешто пријатно, како дрвја и зеленило, помага да се оттргнете од негативното размислување.

Фото: Pexels/Andre Furtado

Научниците истакнуваат дека, во текот на еволуцијата, луѓето биле обучени да обрнуваат внимание на звуците кои се опасни и звуците кои се безбедни.

Истражувањето на Светската здравствена организација потврди дека луѓето кои живеат опкружени со зеленило, или во близина на парк или шума, имаат подолг животен век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот