Карол Навроцки EPA-EFE/Marcin Obara POLAND OUT

Полскиот претседател ја откажа средбата со Орбан поради Путин

Полскиот претседател Карол Навроцки демонстративно ја откажа планираната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан денес, бидејќи вториот се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во петокот, па Навроцки ќе патува во Унгарија само за самитот на Вишеградската група на 3 декември во Естергом, пренесува Украинска правда.

„Претседателот Карол Навроцки постојано се залага за мирно решавање на војната во Украина предизвикана од Руската Федерација. Безбедноста на Европа зависи од солидарноста, вклучително и во енергетскиот сектор. Поради посетата на премиерот Виктор Орбан на Москва и нејзиниот контекст, претседателот Карол Навроцки одлучи да ја ограничи програмата на својата посета на Унгарија исклучиво на самитот на Вишеградската група“, објави денес советникот на Навроцки, Марчин Пшидач.

Новиот полски претседател планираше да ја продолжи својата државна посета на Унгарија во четврток по самитот на претседателите на Унгарија, Словачка, Чешка и Полска во среда, за време на кој требаше да се сретне и со премиерот Орбан.

Полскиот премиер Доналд Туск го критикуваше Навроцки за средбата со Орбан во петокот, кога темата беше снабдувањето со руска нафта и гас за Унгарија.

„Орбан е во посета на Путин, Навроцки е во посета на Орбан. Хаос во преговорите за планот Виткоф и политичка криза во Киев. Фатална комбинација“, рече Туск на мрежата Икс.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски му рече на Навроцки дека бидејќи се среќава со Орбан, подобро е да работи на тоа Унгарија да престане да ги блокира европските санкции кон Русија и парите што Полска треба да ги добие од сојузничките фондови како компензација за испраќање помош за оружје во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот