Полјаците сигурни против Австрија, Исланд ја оправда фаворитската улога

Полска и Исланд стартуваа со победи на Европското првенство/Братислава, Словачка/14 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Заврши и вториот ден на Европското првенство во ракомет во кој беа одиграни само три натпревари.

Селекцијата на Полска одигра навистина добар напаѓачки меч и направи благо изненадување со победа над селекцијата на Австрија со резултат 36:31 (17:14).

Морито беше апсолутно незапирлив за Австријците со девет постигнати голови, а на спротивната страна Фримел реализираше осум.

Исланд беше благ фаворит против Португалија и таа улога ја оправда со триумф од 28:24 (14:10).

Најдобри на оваа средба беа Елисон и Гудјонсон со по пет погодоци, а за поразените по четири голови имаа Итуриза и Соуза.

Претходно Германците после пресврт славеа против Белорусите си четири голови разлика во Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот