ВИДЕО: Германија со пресврт до победа над Белорусија

Белорусите не ја задржаа високата предност од првиот дел против Германија/Братислава, Словачка/14 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во натпреварот од првото коло во групата „Д“ на Европското првенство во Братислава ракометарите на Германија ја совладаа Белорусија со 33:29.

Германците до првиот триумф на континенталниот собир дојдоа дури во самата завршница од натпреварот.

Белоруските репрезентативци имаа убава можност на крајот да ги освојат бодови, во првото полувреме имаа и позитива од „плус пет“ (7:2), а на паузата заминаа со постигнати 18 голови и минимална предност.

Германија сепак не дозволи изненадување, успеа да направи пресврт, Хефнер во победничките редови запиша осум голови.

На спротивната страна прв стрелец беше Кулеш кој седумпати се запиша во листата на стрелците.

Видео на денот