Доналд Трамп, Џеј Ди Венс и Марко Рубио/Фото; EPA/YURI GRIPAS / POOL

„Политико“: Венс бил резервиран за воената акција на Трамп против Иран

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, бил скептичен во врска со американскиот напад врз Иран пред одлуката на претседателот Доналд Трамп да започне воена интервенција врз таа земја, изјавија двајца високи функционери на Трамп за „Политико“.

Иако Венс долго време ги анализира американските интервенции во странство, сепак тој јавно ја бранеше операцијата на Трамп во Иран, открија претставниците на Белата куќа каде што потпретседателот го изразил своето противење пред самиот напад. Ова ги потврдија шпекулациите дека Венс е многу повнимателен во врска со воената акција врз Иран за разлика од Трамп, наведува „Политико“.

Загриженост пред нападот

Ванс беше скептичен, загрижен за успехот и едноставно против војната со Иран, изјавил висок функционер на Трамп во текстуална порака.

Функционерот побара да биде анонимен за да може отворено да зборува за ставовите на потпретседателот на САД.

Друг висок функционер на Трамп рече дека улогата на Венс е да им ги обезбеди на претседателот и на администрацијата сите перспективи за тоа што може да се случи од многу различни агли во војната, и тој го прави тоа. Но, откако ќе се донесе одлуката, тој целосно ја поддржува, посочил функционерот.

Добро познатиот скептицизам на Венс во врска со вмешаноста на американската војска, обликуван од неговото искуство во службата во Маринскиот корпус во Ирак, заедно со неговиот порезервиран тон за успесите на операцијата, ги поттикна шпекулациите за раскол меѓу претседателот и потпретседателот, наведува Политико.

Претходни несогласувања

Ова не е прв пат да се разликуваат ставовите на Венс за воената акција на САД во Иран од оние на Трамп. Кога САД ги бомбардираа Хутите на почетокот на минатата година, Венс напишал порака во наводо приватен разговор на „Сигнал“ со други претставници на администрацијата дека „го сметал тој потег за грешка“.

Ова се надоврзува на долгогодишна серија јавни изјави што се документирани, зошто не е во интерес на САД да војуваат со Иран, посочува медиумот.

Најновиот пример за политичката дивергенција меѓу двајцата доаѓа откако Трамп ги спомена и Венс и државниот секретар Марко Рубио како можни кандидати за изборите во 2028 година.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот