Полициските службеници и вработените во МВР добиваат бонус плата

Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напиша Спасовски на Фејсбук.

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека околу 5000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи денеска добиваат бонус-плата во висина од една просечна плата во државата.

– Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година. Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напиша Спасовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот