12 C
Скопје

Полициски час, задолжителна работа од дома, носење ФФП2 маски се дел од новите мерки во Германија

Германија уште од ноември се наоѓа во некаков вид локдаун, што првично требаше да трае само четири недели и дефинитивно да заврши пред Божиќните празници. Во меѓувреме, училиштата, продавниците што не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и забавните и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено се интензивираат од нивното воведување на почетокот на ноември. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг.

Во областите каде има повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, во период од седум дена не е дозволено домот да се напушта повеќе од 15 километри.

Експертите, но и многу политичари се согласуваат дека постојните мерки треба да се засилат бидејќи дневниот број на новозаболени лица е рекорден, а секој ден веќе умираат повеќе од 1.000 луѓе.

Прочитајте и...  Денеска се регистрирани 843 нови случаи на ковид-19, а починати се 11 лицa

Според „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, Меркел ќе побара училиштата да останат затворени, да остане задолжителната работа од дома, задолжително носење на медицински или маски ФФП2 на јавно место, па дури и полициски час.

Мерките треба да траат до 15 февруари, се предлага во нацрт-мерките што Меркел ќе ги претстави денеска, а до кои дојде весникот „Дер Шпигел” .

Мерката според која само членови од исто домаќинство можат да се дружат треба да остане во сила, додека само едно лице од друго домаќинство може да дојде да ги посети.

Другата важна мерка е обврската да се носат медицински маски или маски ФФП2 во јавниот превоз и продавниците.

Нацртот особено нагласува дека е клучно училиштата и градинките да останат затворени.

Прочитајте и...  Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

„Постојат индикации дека мутираниот вид на вирусот се шири побрзо кај децата и адолесцентите отколку неговите претходни видови”, се навдува во документот. Затоа, училиштата ќе останат затворени до 15 февруари.

Се шпекулира и за прекин на јавниот превоз, но тоа се уште не е потврдено.

Одлука за новите построги мерки Меркел и покраинските премиери ќе ја донесат попладнево.

Поврзани вести

Најмалку 20 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу

Слободен печат

СЗО: Целиот извештај со резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина ќе биде презентиран следната недела

Слободен печат

ВИДЕО: Трагедија во Флорида: Се сруши покривот на училиште, најмалку 12 повредени од кои 7 се деца

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Експлозии во две сириски рафинерии во близина на границата со Турција

Слободен печат

Бесими: Постигнавме пониска каматна стапка за еврообврзбицата од многу европски земји со повисок кредитен рејтинг

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар