Полицијата растури свадба во Арачиново, еве што се случи со сватовите

Вечерва околу 21 часот полиција прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново, дознава неофицијално Слободен печат.

Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави и казни.

Засилените полициски и инспекциски контроли се за спречување на ширењето на коронавирусот кој циркулира и создава кластери при вакви големи семејни собири.

Попладнево министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките во текот на празничниот викенд:

-Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје- напиша Филипче.

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19. Во болнички услови починаа 12 лица.

Дванаесет пациенти починаа, нови 640 заразени со коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот