Полицијата откри која е мртвата жена најдена кај скопско Горно Оризари

Жена на возраст од триесетина години од ромска националност е жената чиишто останки беа најдени завчера крај пат во скопското село Горно Оризари, дознава „Слободен печат“.

За причините за нејзината смрт патолозите веќе им пратиле целосен извештај на полициските иследници. Се знае дека таа починала од насилна смрт, а во полициска станица се приведени неколкумина за кои постојан индиции дека се вмешани во насилната смрт на жената.

Официјално од МВР засега молчат за истрагата и велат додека не биде известено Јавното обвинителство нема да споделат детали за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот