8 C
Скопје

Полицијата му ги избриша снимките од протестот на репортерот на „Слободен печат“: Нѐ снимаш во лице, па ни ги палат автомобилите

Репортерот на „Слободен печат“ Михаило Донев кој денеска известува во живо од протестите за случајот „Монструм“ кај Мавровка беше принуден од полициски инспектори во цивил да го избрише снимениот материјал, кој патем публиката имаше можност да го следи преку социјалните мрежи.

Имено, колегата Донев во мешаницата настаната при пресингот на полицијата врз демонстрантите и нивното потиснување кон Битпазар, бил легитимиран од три лица кои се претставиле како инспектори во МВР, и му ја побарале новинарската легитимација, но тој во меѓувреме ја загубил во гужвата на протестот и им дал лична карта како што му побарале.

Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон.

Прочитајте и...  ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно

Поради чувствителниот и тензичен момент колегата Донев постапил по наредбата од полицискиот службеник чија идентификација не била видлива, што пак , „Слободен печат“ како редакција го смета за опструкција во извршувањето на професионалната новинарска задача.

Според нашиот репортер, откако се избришани снимките од службениот телефон на „Слободен печат“ оваа „тројка“ инспектори се упатиле кон друг репортер кој од истиот агол го снимал протестот.

„Слободен печат“ верува во слободата на информирање која е неприкосновена и очекува дека МВР ќе го расчисти случајот со лицата кои ја злоупотребуваат својата положба и го попречуваат јавното информирање.

ГАЛЕРИЈА: Тензии и насилство на протестот против пресудите за „МОНСТРУМ“

ССНМ со силна осуда за нападите врз новинарите и медиумските работници на протестите против пресудите за случајот „Монструм“

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар