Полицијата ја истражува смртта на Далибор Томовиќ викан Даба

Според една верзија тој наводно пред да почине, се сретнал со припадник на „Кавачкиот клан“, а втората е дека инспекторите пронашле две чаури за време на истрагата.

Црногорската полиција истражува дали Далибор Даба Томовиќ (46), кој беше поврзан „Шкаљарскиот клан“ извршил самоубиство, како што првично се веруваше или е убиен. Негоото тело беше пронајдено во изнајмен автомобил на напуштен паркинг во Котор во неделата навечер.

Телото е на обдукција, а сомнежот дека Томовиќ се самоубил го предизвикале два наоди.

Според една верзија тој наводно пред да почине, се сретнал со припадник на „Кавачкиот клан“, а втората е дека инспекторите пронашле две чаури за време на истрагата.

Според црногорските медиуми, Томовиќ бил пронајден во паркиран автомобил со прострелна рана во пределот на главата. Томовиќ бил близок пријател на покојниот Игор Дедовиќ и со „Шкаљарскиот клан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот