Полицијата веќе не ја обезбедува модуларната болница во Тетово

Модуларна болница во Тетово / Фото: Слободен печат, Елисавета Бејкова

Од пред седум дена, повлечени се полициските сили кои го обезбедуваа опожарениот објект од тетовската модуларна ковид болница, во која на 8 септеври загинаа 14 лица, а од пламените јазици беа спасени 12 лица болни од коронавирус. Наместо полиција, изгорената модуларна болница ја чуваат двајца чувари 24 часа, кои велат дека немаат инструкции што треба понатаму да се прави со овој објект. Истрагата за несреќата е во тек.

Модуларна болница во Тетово / Фото: Слободен печат, Елисавета Бејкова

Криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во модуларната болница се пристигнати во тетовското Основно јавно обвинителство. Како што информираат од ОЈО, извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите, а се очекува да пристигнат и извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки.

– Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за имплементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика, информираат од ОЈО.

Од извештајот за причините за избувнувањето на пожарот ќе зависи и одлуката на премиерот Зоран Заев за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и двајцата директори на Тетовската болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот