Полицијата уапси разбојник од Гевгелија

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво”.

На 29.12.2021 околу 19 часот, пријавениот со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во село Негорци, гевгелиско. По преземени мерки од полициски службеници биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Додека, при претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба на 31.01.2022, исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Л.Ќ. е уапсен и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот