Мигранти/ Фото: МИА

Полицијата уапси деветмина кубанци на грчко-македонската граница

Кај Граничниот камен 59 на државната граница со Република Грција, вчера околу 3 часот биле лишени од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба. Лицата се обидувале нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава со Република Грција, надвор од граничен премин.

-Од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ” известен е судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им е изречена парична казна и издадени им се решенија за протерување од државата, информираат од МВР.

Мигрантите од Куба продолжуваат преку Северна Македонија да бараат подобар живот во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот