Полицијата трага по две малолетнички кои го напуштиле семејниот дом

Македонска полиција / Фото: МИА

Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид.

Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

– Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот