Полицијата приведе петмина од демонстрантите кои денеска гаѓаа со камења кон Собранието

Протест пред собрание / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Денеска (14.07.2022) до 16.30 часот приведени се пет лица кои денеска фрлале со тврди предмети кон објектот на Парламентот на Република Северна Македонија, соопшти полицијата.

„Приведени се С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од с. Долно Коњари“, се вели во полициското соопштение.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот