Покетино го прекина молкот и покажа дека е господин

twitter/Sports News Today

По пет и пол години на клупата на Тотенхем, Маурицио Покетино пред десетина дена доби отказ откако клубот падна во резултатска криза. Експресно беше најдена замената за Аргентинецот, тоа е Жозе Мурињо кој во првите два натпревари оствари две победи, над Вест Хем и Олимпијакос.

Додека седеше на клупата на тимот од Лондон, Покетино не успеа да освои трофеј, но затоа го зацврсти Тотенхем меѓу најдобрите 5-6 екипи во Премиер лигата, и не се плашеше да им даде шанса на младите фудбалери. Тој денеска конечно се појави во јавноста.

– Би сакал да им се заблагодарам на сопственикот Џо Луис и претседателот Даниел Леви шти ми дадоа шанса да бидам дел од историјата на Тотенхем. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ги запознав во овој клуб, од фудбалерите па се до останатиот персонал. За крај да не ги заборавам навивачите, кои постојано ни даваа фантастична поддршка. Дадов се од себе за да ги исполнам целите кои беа поставени пред мене. Се најдобро во иднина и сигурен сум дека патиштата повторно ќе ни се вкрстат патиштата – изјави Покетино.

Аргентинецот не откри кој е следниот тренерски предизвик, но медиумите во Англија и во Германија, тврдат дека Баерн Минхен веќе стапил во контакт со него и се очекува во првите денови од 2020 година да биде промовиран за нов тренер на германскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот