Официјално: Покетино го напушти Тотенхем!

twitter.com/piersmorgan

Маурисио Покетино не е повеќе менаџер на Тотенхем, објави денеска лондонскиот клуб.

Како што соопштуваат од премиерлигашот, донесена е тешка одлука после пет години да се разделат со Аргентинецот.

Минатата сезона во Лигата на шампионите Тотенхем со Маурисио Покетино играа во финалето каде што загубија од Ливерпул.

Од тој пораз во Мадрид до вечерашниот отказ поминаа само 171 ден, а лошиот почеток на новата сезона и наводно лошите односи со играчите беа причина за заминување на аргентинскиот стратег.

Покетино го водеше клубот на 293 натпревари и забележа 160 победи, 60 нерешени и 73 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот