Показни вежби на елитните единици на АРМ за годишнината во НАТО

По повод одбележување на првата годинишнина од полноправното членството на Република Северна Македонија во НАТО, во касарната „Илинден”- Скопје, денеска припадниците на специјалните единици при Армијата изведоа неколку вежбни активности.

Првата вежба беше симулирање на заложничка состојба во затворен објект. Со пуштање низ јаже од височина и употребување на шок бомби припадниците на АРМ, во присуство на врховниот командант на армијата, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска други високи преставници на НАТО, успешно ја изведоа ова работна задача.

Дел од денешните активности на АРМ беше и изведбата на вежбата во кој припадници на Единицата за специјални намени ја покажа својата физички спремност, односо боречките вештини во бокс, кик–бокс и карате.

Истовремено денеска беше симулирана и акција на напад и одбрана на пешадијата на Армијата.

Потпоклковник Стојанче Костов од Вториот пешадиски баталијон на АРМ рече дека ова показна вежба одделението на армијата настапува во формација колона.

– Одделението за цело време на движење овозможува длабока растреситост и обезбедување за 360 степени. Се состои од два тима. Првиот борбен тим е основен борбен тим кој што го прифаќа контактот со непријателот и вториот борбен тим е тим за обезбедување – рече потполковник Костов.

Во изминатиот период припадниците на Вториот пешадиски баталјон на АРМ, како што истакна Костов, учествувале во заеднички вежби со припадниците на Обединетото Кралство и САД.

По овој повод за време на централната манифестација што денеска се одржува во касарната Илинден три воени авиони на НАТО, од воздухопловните сили на Грција прелетаа над Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот