Погледнете кои намирници треба да ги конзумирате во текот на летото за да се освежите!

епа

Есента полека се приближува, но топлината не престанува. Многумина прибегнуваат кон сите можни начини на ладење и почесто остануваат во климатизирани простории, но и исхраната игра важна улога.

За време на топлите денови, неопходно е да се внесува доволно течност што се губи преку потење, а некои намирници можат и да ве освежат. Додека мислите дека сладоледот ќе биде вистинското решение, всушност не е решението.

Храната што е ладна ја зголемува температурата на вашето јадро и резултатот е всушност контрапродуктивен, па затоа треба да посегнете по топли пијалаци и супи, пишува Metro.

Според упатствата од UK Eatwell треба да пиете шест до осум чаши вода во текот на денот. Притоа, внимавајте на пијалоците и соковите што содржат природен шеќер затоа што делуваат како диуретици, исто како кафето и алкохолот, а со нивното конзумирање всушност губите повеќе течности. Одличен избор се јагоди, лубеница, краставици, зелена салата и целер, храна која содржи многу вода.

Јогуртите исто така помагаат во задржувањето на течностите, така што тие треба да бидат дел од летното мени. Супите се исто така на списокот за конзумирање при високи температури.

Она што дефинитивно треба да го избегнувате се зачинетите јадења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот