Погледнете ја „скромната“ листа со желби на Клоп

EPA-EFE/PETER

Ливерпул и Клоп планираат да продадат неколку играчи во летниот период, а челниците оптимистично се надеваат дека од продажбата на фудбалери ќе имаат на располагање околу 100 милиони фунти.

Се шпекулира дека Реал Мадрид ги посакува Мохамед Салах и Садио Мане, но од тоа нема ништо, триото во нападот нема да се промени, а клубот би требало да ангажира уште еден напаѓач.

Херта би требало да го откупи Грујиќ за 25 милиони евра, Борнмаут треба да одвои 18 милиони за Нејт Клајн, нешто помалку за резервниот голман Мињоле, а се чека понуда и за Стариџ.

EPA/PETER POWELL

Се поставува прашањето што навистина ќе купи Јирген Клоп ова лето?

Се преговара за чуварот на мрежата на Трабзонспор, турскиот „број 1“, Угурџан Чакир. Потоа, на радарот се наоѓаат талентираниот Бергвајн од ПСВ Ајндховен, како и неговиот соиграч, левиот бек, Шпанецот Анхелињо.

Последноспоменатиот четири години беше член на Манчестер Сити, но за „граѓаните“ немаше ниту еден официјален настап, па редовно беше позајмуван во Њујорк сити, Жирона, Мајорка и НАЦ Бреда.

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Финалистот во ЛШ сезонава ја следи и ситуацијата со Набил Фекир кој минатата сезона беше на чекор од клубот, се чини дека германскиот менаџер не го сака бесплатниот Рабио, а Бранд од Леверкузен е поблиску до Дортмунд.

На крајот желба останува Тимо Вернер, но најверојатно ќе се пресели во редовите на Баерн Минхен, па „црвените“ ќе мора да пазарат на друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот