Погледнете го неверојатно високиот шлиц на Георгина Родригез кој го украде сето внимание на филмскиот фестивал! (ВИДЕО)

инстаграм

Филмскиот фестивал во Венеција e првиот спектакл што се одржа од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а Георгина Родригез го украде целото внимание.

Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо се појави во сатенски розов фустан со длабок шлиц.

На Георгина не ѝ било воошто лесно и таа постојано требала да внимава да не им покажува премногу на фотографите додека излегувала од автомобилот.

Георгина и Кристијано се запознале додека таа работела како продавачка во продавница на „Гучи“.

Со текот на годините нејзината популарност се зголеми, па неодамна беше објавено дека таа зема дури 8 илјади евра од објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Сепак, гласини велат дека Роналдо ѝ дава по 100.000 евра за користење секој месец, а истата сума ја бара и од медиумите кои сакаат интервју со неа.

Исто така, имаше шпекулации дека тие се веќе венчани, бидејќи Георгина во една понова објава го нарекла Роналдо сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот