Поевтинуваат бензините, за првпат по една недела и дизелот

Фото: Архива на „Слободен печат“

Од полноќ се намалуваат цените на горивата одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според денешната одлука, бензините ќе се намалат за два, а дизелот за 1,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) за 1,5 денар. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Новите цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,5 денари за литар;
ЕУРОСУПЕР БС 98 – 88 денари за литар;
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 98 денари за литар;
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 94,5 денари.
Според одлуката на РКЕ, за 0,277 денари се намалува цената и на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот