Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ ќе се прикажува и во Германија

Уметничката слика што како мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е избран во специјалната селекција „Светско огледало на поезијата“ на интернационалниот филмски фестивал „Поетри филм таге“ (Poetry Film Tage) во Вајмар, Германија. Фестивалот ќе се одржи на 19 и 20 мај годинава.

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ е снимен според истоимената песна на поетот Андреј Ал-Асади, музиката за филмот ја компонираше Јован Јовановски, а снимател беше Илија Жоговски.

Уметничката слика што како мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски. Продуцент на филмот е Јулијана Величковска, а режисерката Сандра Ѓоргиева ‒ стручен консултант.

Поетскиот филм е дел од „Стиховно мапирање на Скопје“, проект на „ПНВ Публикации“, поддржан од Град Скопје, и за првпат беше прикажан во септември 2022 г. во рамки на „Скопскиот поетски фестивал“.

Неодамна филмот беше избран и во официјалната селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД, каде што ќе биде прикажан на 29 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот