Подгответе се за голема гужва кај Солун летово: работите на обиколницата ќе траат 4 години

Фото: Evanthia Kazantzidou / google maps

Како што објави порталот Грчка инфо, во тек се крупни работи на проектот „Прелет“ кој се изведува на обиколницата околу Солун, а според овој портал ќе трае околу четири години, а можеби и подолго.

„Гужвите на обиколницата започнаа сериозно, па можно е на летните туристи да им треба малку повеќе трпение на овој дел од патот, особено на оние кои ќе летуваат на Халкидики, но и на другите кои планираат да го посетат Солун во текот на нивниот одмор“, наведува овој портал.

Од Грчка инфо посочуваат дека за одреден период алтернатива на обиколницата, како и во минатото, ќе биде да се оди преку индустриската зона и центарот на градот, на улиците Игнација или Никис покрај море. Посочуваат и дека засега треба да се избегнува преминување на обиколницата во шпиц – наутро во периодот од 7 до 10:30 часот и попладне од 15 до 19 часот.

„Иако во моментов се гради само мал дел од патот, тоа не ги спречува огромните редици и застојот во сообраќајот кои предизвикуваат голема нервоза кај возачите. За околу четири години, со проектот „Прелет“ Солун ќе добие нов бесплатен автопат, кој ќе придонесе за решавање на проблемот со сообраќајот во градот. Сегашната солунска обиколница „Ринг роуд“ е долга 31 километар“, пишува Грчка инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот